Концептот на новата мисија на НАТО во Авганистан по 2014 година се очекува да биде утврдена во февруари в година, кога најверојатно ќе се одреди учеството на 10.000 до 20.000 војници, изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен по средбата со белгискиот премиер Елио ди Рупо и со министерот за одбрана Питер де Крем.
Следната мисија на НАТО нема да биде воена и целосно ќе биде насочена на обука и совети за авганистаснките безбедносни сили. Мисијата засега е наречена Меѓународна советодавна ммисија за поддршка (International Training Assistance and Advisory Mission ITAAM).
Новата Мисија ќе биде многу помалобројна во однос на ИСАФ, во чиј состав имаше 150.000 војници.
Во оваа етапа, Белгија не сака да учествува во финансирањето на авганистанските специјални сили, како што бараат НАТО и САД. Најверојатно Белгија ќе обезбеди по 12 милиони евро од 2015 година во рок од три години. Средствата ќе бидат наменети само за цивилни проекти.
Белгија оваа есен го повлече основниот контингент од ИСАФ, кои беа задолжени за безбедноста на аеродромот во Кабул. Во Авганистан во моментот има само 320 белгиски војници, кои ќе останат најдоцна до крајот на 2014 година.