Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Коле Неделковски“

Од:

Општина Центар ја реконструира улицата „Коле Неделковски“, на потегот од кружниот тек до булеварот „Илинден“.

Се асфалтира коловозот на површина од 652 м2 и се поставуваат нови павер елементи на тротоарите на површина од 360 м2. Се врши замена и на рабниците во должина од 360 метри.

Улицата беше во катастрофално лоша состојба и жителите реагираа и се жалеа до општината и до градоначалникот Андреј Жерновски на ударните дупки и многуте прекопи создадени од новите згради.

Улицата „Коле Неделковски“, која е изградена во 30-тите години од минатиот век, досега не е комплетно реконструирана. Пред 20-тина години е поставен асфалт, кој беше речиси целосно уништен.
Во мандатот на новото раководство, ова е 16-та улица која Општина Центар ја реконструира во Дебар Маало.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето