Меѓународен симпозиум на тема „Логос и тропос“ ќе се одржи денеска и утре на Филозофскиот факултет во Скопје во организација на институтите за филозофија и за класични студии, Здружението на класични филозофи „Антика“ и Филозофското друштво на Македонија.
На симпозиумот ќе учествуваат македонски филозофи, теолози и научници, како и колеги професори од Република Бугарија и Република Србија.
Во ЕУ Инфо центарот, пак, денеска ќе се одржи четвртата сесија од Христијанскиот филозофски форум, овојпат на тема „Аион“ на која гости на домаќините (прод. д-р Ристо Солунчев и доц, д-р Милан Ѓорѓевиќ) ќе бидат проф. д-р Георги Каприев од Софискиот универзитет и проф. д-р Владимир Петрушевски од Универзитетот Св. „Кирил и Меродиј“, Скопје.