Лав очекува изедначено финале со Голден Стејт

Од:

Кошаркарот на Кливелнд, Кевин Лав очекува неизвесни и тешки дуели против Голден Стејт во финалната серија од НБА лигата.

Тој не се сложува со пишувањата на некои медиуми дека Кливленд е аутсајдер во оваа пресметка.

– Смешно е да се каже дека некој е аутсајдер во ова финале. И ние и Голден Стејт имаме одлични екипи. Ќе биде многу тешко, не чекаат долги и исцрпувачки дуели, но се надевам дека на крајот ние ќе успееме да ја одбраниме титулата, изјави Лав.

Кливленд и Голден Стејт трет пат по ред ќе се борат за трофејот во НБА лигата. Пред две години шампион беше тимот од Оукленд, а минатата сезона насловот го освои Клувленд.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот