Британецот Луис Хамилтон по трката во Монако на која победи Себастијан Фетел изјави дека италијанскиот тим Ферари го форсира Германецот во однос на вториот возач Кими Раиконен.
– Целосно ми е јасно дека Ферари вложува максимален труд Фетел да оствари најдобар резултат. Многу е тешко на оваа патека возачот кој заостанува да го престигне водечкиот, освен ако тоа не е тимска одлука, изјави Хамилтон.
Трката во Монако од пол-позицијата ја почна Раиконен, но тимскиот колега Фетел го помина откако Финецот отиде во „бокс“.
Од Ферари негираа дека се работи за однапред разработена тактика, а Фетел нагласи дека немало тимски наредби за пропуштање.