Ракометарите на Пелистер остварија победа во дербито на 9.коло од ракометниот плеј оф откако вечерва го совладаа градскиот ривал Еурофрам Работник со 30:27.
На полувреме водство од 15:14 имаше екипата на Работник. Со оваа победа Пелистер ги задржа шансите за пласман во еврокуповите за следната сезона.
На натпреварите одиграни во Скопје фаворитите постигнаа високи победи. Вардар пред своите навивачи го совлада Охрид со 38:23, а Металург беше подобар од Борец со 37:24.
Табела: Вардар 24 бодови, Металург 24, Охрид 12, Еурофарм Работник 12, Пелистер 9, Борец 0.