ВИДЕО: Граѓаните на протест пред „Про Кредит”, банката повторно најавува голем огномет

Од:

Огномет од речиси 400 квадратни метри ги крена на нозе, жителите на Општина Карпош. И оваа година, како и минатата, „Про Кредит” банка дека ќе ја загадува животната средина со одобрение од надлежните институции. Од менаџментот на банката велат дека се свесни за последиците од минатата година, кога беше отварањето на филијалата.

Граѓаните кои протестираа пред филијалата велат дека како последица од минатогодишниот огномет имало мртви птици и улични кучиња. Денеска, тие велат дека се исплашени за нивните деца и миленици бидејќи огнометот се организира веднаш до детско игралиште.

Стефан Кирков, жител на Карпош вели дека е згрозен од тоа што се случува бидејќи минатата година биле сведоци на голем потрес на домашните миленици, како и на бездомните животни.

– Бевме сведоци на огромен огномет во времетраење на дваесетина минути каде на оваа површина имаше околу 100 мртви птици. Ова што денес се случува е навистина апсурдно. На 500 метри има голем број на експлозивни направи, како ова да е војна а не роденден. Ова може да биде навистина погубно, бидејќи животните претпуваат трауми, а лани имаше и смртност, вели Кирков.

Жителите на Карпош побарале одговор од надлежните во банката за тоа колкав ќе биде огнометот, но одговор не добиле.

Од банката велат дека огнометот ќе трае 20 минути и ќе биде ист како оние кои се користат при прослави на отворено. Додаваат дека пиротехниката била по европски стандарди и не штетела никому.

Огнометот лани беше катастрофален. Реагираше целиот град, сите кажаа дека такво задоволство не е потребно. Јас со моето милениче не можев да стигнам до дома за да го згрижам од сета таа бука. Животните добиваат хистерични напади, не се знае како може да реагираат, стануваат агресивни, можат да заболат и здравствено. Се работи и за луѓето кои живеат во оваа средина, сите славиме родендени, но никому не загрозуваме ниту мир ниту спокој, вели Горан Поповски, жител на Карпош.

Прославата започнува од 21 часот, а граѓаните планираат да стојат спроти филијалата на банката.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски