Главниот обвинител на Египет Талат Ибрахим поднесе оставка за помалку од еден месец откако беше именуван од претседател Мухамед Морси.
Ибрахим беше именуван на 22 ноември откако Морси го разреши главниот обвинител Абдел Магид Махмуд. Смената предизвика незадоволство кај судиите, кои одлуката на Морси ја оценија како мешање во независноста на судскиот систем.
Оставката на Ибрахим ќе биде претставена пред Врховниот судски совет в недела.