(ВИДЕО) Мехмети: Постои можност изјавата на Дачиќ да е нарачана од владата во заминување

Од:

Изјавата на српскиот Министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, дека сум учествувал во организирање на протестите против Александар Вучиќ е скандалозна. Срамота е за еден Министер да изјавува во јавност не проверени информации, вели за А1он Замир Мехмети кој беше посочен како еден од организаторите на протестите против српскиот Претседател, Александар Вучиќ.

-Тврдам дека во последните три години не сум бил ниту еднаш во Србија и тоа можам да го докажам со мојот пасош на кој може да се види според печатите дали сум влегол во државата, вели Мехмети.

Мехмети не ја отфрла можноста оваа изјава на Дачиќ да е нарачана од страна на некој од членовите на владата во заминување.

-Не можам да тврдам со сигурност, но ако го имаме во предвид начинот на функционирање на нашата влада во заминување и српската влада не би ме изненадило изјавата да е нарачана од некого, вели Мехмети.

Како што вели тој, ова е обид да се прикрие срамот што српската држава го направи со нивниот државјанин и припадник на српската БИА, кој на 27 април се најде во Собранието на Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија