Со лажно претставување, незаконски стекнал 335.500 денари

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против скопјанецот Г.М. (26) кој противправно стекнал 335.500 денари од Пелагонија бус ДООЕЛ.

Како што соопшти МВР, Г.М. излажал дека е претставник на фирмата Караденис Интернационал 2017 од Турција, наводно заинтересирана за купување на автобуската станица Прилеп. Од 3 до 7 април годинава неколку пати се среќавал со управителката на ДТУ Пелагонија бус откако претходно телефонски стапил во контакт со неа, по што, на 10 април, лажно прикажувајќи и прикривајќи факти, ја причинил материјалната штета.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена