На Кипар му се заканува банкрот доколку не постигне спогодба за помош

Од:

Кипар би можел да банкротира доколку во рок од неколку дена не постигне спогодба за помош со меѓународните кредитори, изјави секретарот во кипарското Министрство за финансии Кристос Патсалидес.

– Доколку во следните неколку дена Кипар не успее да обезбеди меѓу 250 милиони и 300 милиони евра, државата би можела да банкротира поради неможноста за враќање на заемите, рече Патсалидес.

Тој истакна дека Владата на Кипар нема „план Б“ во случај да не успее да постигне спогодба со меѓународните кредитори.

Кипарската Влада планира намалувања во пензиските фондови и другите средства на полувладините организации, бидејќи во моментов не е во можност на друг начин да го обезбеди потребниот износ на краткорочна база.

Патсалидес изјави дека на Владата и е потребни вкупно 420 милиони евра, но напомена дека 170 милиони веќе се обезбедени од „надворешни извори“.

Кипар во јуни побара пакет помош, откако двете најголеми домашни банки, кои во голема мера беа изложени на долговите на грчките банка, побараа помош бидејќи не успеале да ги исполнат новите прописи за нивото на капитал на банките во Европската унија.

Тројката мнеѓународни кредитори – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, го разгледуваат кипарското барање за доделување финансиска помош.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ