Во Кичево семинар за говорот на омраза на спортските терени

Од:

Во Кичево денеска се одржа семинар на тема „Говор на омраза на спортските терени“ со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Скопје, а го реализираше Центарот за интеркултурен дијалог „Без омраза“.

Презентирана беше кампањата без омраза и имаше предавањето од учесниците од Центарот за интеркултурен дијалог на тема „Што се подразбира под говор на омраза на спортските терени“.

– Денес во Кичево пред спортските работници зборувавме како поефикасно да го отстраниме говорот на омраза на спортските терени. Секако, се потрудивме сите заедно да размениме искуства особено оние позитивни како би биле поефикасни за да ја подобриме состојбата на спортските терени, изјави координаторот на овај проект Флорим Реџепи.

Тој истакна дека зборувале и за идните чекори кои треба да ги преземат сите заеднички.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски