Зимски намирници кои го подобруваат здравјето

Од:

Студените временски прилики не принудуваат поголем дел од времето да го поминуваме дома и да конзумираме силна, зачинета храна. Сепак, во зисмкиот период мора да се води сметка за видот на исхраната која се конзумира, со цел да се спречат повеќе настинки и вируси.

Избегнувањето на физичка активност и конзумирањето нездрава храна е најлесниот пат до дебелина. Зимата е „мрзлива“ сезона, но и сезона на портокали, спанаќ, грашок, зимска салата, цвекло и морков.

1. Спанаќ – Овој зелен лиснат зеленчук има многу здравствени предности. Освен тоа што има малку калории спанаќот содржи флавоноиди кои имаат антиканцерогени својства, витамин Ц, витмамин Е, бета каротен, цинк, манган и други антиоксиданси кои го намалуваат вискиот крвен притисок. Она што е најважно е дека спанаќот го чисти организмот и придонесува за сјај на лицето.

2. Портокал – Ова овошје придонесува во согорувањето на маснотиите и добивање беспрекорна и сјајна кожа. Портокалите се богати со витамин Ц, флавоноиди, калиум, фолна киселина, калциум, јод, фосфор, натриум и железо. Портокалите го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат холестеролот, високиот крвен притисок, и спречуваат појава на камен во бубрег и штитат од слободните радикали кои водат до стареење и оштетување на кожата.

3. Киви – Кивито има висока содржина на влакна кои го контролираат нивото на шеќер во крвта и спречуваат рак на дебелото црево. Се смета дека кивито има повеќе витамин Ц од портокалот.

4. Грашок – Ако се разбудите наутро и се почувствувате лошо, изедете неколку зрна грашок. Грашокот го подобрува имунолошкиот систем, а исто така ве одржува активни. Грашокот има малку калории и богат е со витамини.

5. Цвекло – Овој темноцрвен зеленчук е многу хранлив и задолжително треба да се вклучи во исхраната. Цвеклото ја подобрува крвната слика и протокот на крв во телото.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска