Министерот за државна администрација на Естонија, Михаил Корб се повлече од функцијата поради изјавата, дека не го поддржува членството на земјата во НАТО, соопшти денеска Владата во Талин, јави ДПА.
Корб синоќа му ја поднесе оставката на премиерот Јури Ратас по острите реакции на изјавата дадени пред ветерани од војната.
По дадената изјава 36 годишниот политичар се откажа од искажаното, но беше остро критикуван од членовите на Владата, но и на опозицијата.