Северна Кореја обвини за невнимателна провокација од Југот, пукале по јато птици

Од:

Северна Кореја денеска ја обвини Јужна Кореја дека претходно неделава испукала повеќе од 450 митралески куршуми врз „јато птици“, оценувајќи го како измислица тврдењето на Сеул дека биле испукани предупредувачки истрели кон објект што ја надлетувал границата.

Севернокорејскиот Генералштаб оваа јужнокорејска акција ја нарече „невнимателна воена провокација“ насочена кон промовирање на непријателството кон Пјонгјанг и одржување на судирот на Корејскиот Полуостров, пренесоа американските медиуми.

Јужнокорејски воени претставници во вторникот првично сметаа дека е во прашање дрон што е испратен од Северна Кореја, а потоа во средата соопштија дека неидентификуваниот објект, што прелетал од територијата на Севена Кореја на територијата на Јужна Кореја, најверојатно бил балон во кој се наоѓале пропагандни летоци.

Портпаролот на севернокорејската војска за Корејската централна агенција изјави дека „мистериозниот летечки објект бил само јато птици на небото“, се наведува во соопштението на Пјонгјанг.

Северна Кореја во вторникот истрелала неидентификуван објект преку границата со Јужна Кореја, а јужнокорејската војска соопшти дека пукала како предупредување во правецот на тој објект.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт