Британските војници нема да бидат распоредени во Северна Ирска, во рамките на мерките за максимално зголемена безбедност во Британија, по терористичкиот напад во Манчестер, соопшти шефот на северноирската полиција Џорџ Хамилтон.
Подигнатото ниво на закана во Велика Британија, од ноќта меѓу вторникот и средата, по што беше наредено распоредување на припадниците на британската армија на улиците, како помош на полициските сили, се однесува и за Северна Ирска, но во покраината тоа ќе помине без помошта на војската.
Според Хамилтон, има зголемено присуство на полицијата на сите „клучни“ објекти и локации, во северноирскиот транспорт и секаде каде се собираат многу луѓе, но зголемената безбедносна тревога, првпат во критична, ќе се спроведува по посебен модел за покраината.
Северна Ирска долги години е во состојба на висок ризик, поради стравувањето од можен напад на дисидентите од паравоените групи на некогашната ИРА и на други организации на републиканците-католици.
Британската војска се повлече прво во касарните, а потоа и од покраината, во рамките на мировната спогодба од Велики петок, од април 1998 година.