Градоначалникот на Параќин: Чие сценарио спроведува Србија на македонските протести?

Од:

Градоначалникот на општина Параќин, Саша Пауновиќ, по информацијата дека во Собранието на Македонија во крвавиот четврток дивеел дипломат од Амбасадата на Србија во Македонија на својот твитер профил праша чие сценарио спроведува Србија на протестите во Македонија.

„Ако по таблоидите ЦИА агенти следат протести во Белград да го спроведат Соросовото сценаро, чие сценарио спроведуваат нашите на македонските протести“, напиша Пауновиќ.

Телевизија Телма вчера објави дека Горан Живаљевиќ поранешен заменик директор на БИА, а сега нејзин активен офицер кој во Амбасадата во Скопје тера трет мандат како советник, влегол во Собранието после 20 часот, заедно со група луѓе од толпата и се упатил во пленарната сала каде биле пратеници од ВМРО ДПМНЕ. Според извори на Телма и Коха, Живаљевиќ тука се сликал.

На прашањето што работел во Собранието, од страна на дипломатскиот протокол, Горан Живаљевиќ за Телевизија Телма рекол дека бил во парламентот по службена должност, за да види дали во инцидентите учествуваат лица од Србија, навивачи или екстремисти.

Би можело да ве интересира

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови

ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Исклучен од сообраќај – возел велосипед со 3,14 промили алкохол во крвта

А1он

Захарова: Убедени сме дека Србите се свесни за ризиците поврзани со продажбата на оружје на Украина