Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод „Св. Кирил и Методиј“

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од свое и од име на пратениците, упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Денот на Св. Кирил и Методиј.

– Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи. Како најголеми поборници за слободата на човечкиот дух, нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот, се наведува во честитката.

Според Џафери, просветлувајќи се најпрвин себе, Кирил и Методиј, преку христијанската вера, со своите дела покажале дека просветлен и просветен човек е оној кој е добар и праведен, кој е вистинољубив и човекољубив.

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има