Димовски: Двојната игра на СДСМ штети на цела Македонија

Од:

Последните чекори кои ги презема СДСМ, после разумниот и конструктивен предлог од страна на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, за ВМРО-ДПМНЕ е еклатантно политичко насилство.
Пратеникот Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ има за цел да се држи под закана цела Македонија, под закана да бидат огромен број на категории на граѓани како пензионери, социјалци, работници и ред други.

– Двојната игра, односно извртувањето на вистината може секој од вас очигледно да ја види, со тоа што она што СДСМ денеска го доставиле како предлог за кратење на буџет, нема никаква врска со амандманите по кои што Собранието работи, а се поднесени од СДСМ. Да стануваше збор за реални и етаблирани приоритети на СДСМ, ние сме сигурни дека тие такви амандмани ќе поднесеа, вели Димовски.
СДСМ, како што додава, денеска што е надвор од Деловникот поднеле до Собранието на Република Македонија само два листа хартија, со кои имаат за цел да го оправдаат политичкото насилство кое што го игра овие денови и со тоа ја става во заложништво цела Македонија и целиот финансиски систем.

– Очигледно дека тие имаат намера да се случи блокада на реализацијата на сите владини програми, очигледно е дека имаат намера да се случи блокада на веќе во одмината фаза на проектот за поврат на ДДВ, забрзан поврат на ДДВ за македонските претпријатија, очигледно е дека имаат намера да ги закочат сите капитални инвестиции на Владата на Република Македонија, кои претставуваат реален и пат во време на тешка економска криза, на целиот регион, истакнува Димовски.

Тој апелира до СДСМ да не бидат заложници на погубната политика што ја диктира нивната централа.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквото однесување на СДСМ е неприфатливо.

– Апелираме по незнам кој пат да се вразумат, да настапат рационално, да овозможат нормално функционрање на комисиите во Собранието на Република Македонија и да го откочат донесувањето на буџетот за 2013 година. Се поинаку е еклатантна закана, но не закана кон ВМРО-ДПМНЕ, туку закана кон сите категории на граѓани, кои ќе бидат длабоко оштетени. Тоа е закана до цела македонска економија, која исто така ќе биде длабоко оштетена ако успее ова црно сценарио на СДСМ, нагласува Димовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ