Францускиот претседател Емануел Maкрон денеска по средбата со британскиот амбасадор во Париз, изјави дека одлучно ќе се бори против тероризмот.
– Нападната беше слободна Европа. Eвропската и британската младина беше нападната во нејзиното срце, изјави Макрон во врска со синоќашниот терористички напад во Манчестер, изразувајќи чувство на солидарност со жртвите.
Тој ја изрази својата определба за зајакнување на европската соработка во борбата против тероризмот.
– Со сите наши европски партнери ние ќе бидеме одлучни и решителни во борбата против тероризмот на целиот нашиот континент. Сакам да потсетам на мобилизација на целата Влада во борбата против тероризмот. Утре ќе имаме нов совет за безбедност. Терористите имаат една цел: слободниот свет и младите, изјави фрацускиот претседател.