Зошто новороденчињата имаат сини очи?

Од:

Новороденчињата се раѓаат со сини очи, но ако родителите немаат сини очи тоа по неколку месеци ќе се промени.

Бебињата најчесто се раѓаат со темносини или синосиви очи, а до првиот роденден тие се менуваат, можеби и неколку пати се додека конечно не се формира бојата која ќе ја имаат во текот на животот.

Бојата на ирисот (обоениот дел на окото) ја одредува бојата на пигментот меланин, кој се наоѓа во него, како и наследниот фактор.

Меланинот е пигмент, кој го прозведуваат клетките меланоцити, кои се наоѓаат во кожата, очите и косата, значи во деловите на телото чија „боја“ може да се разликува.

Бидејќи количеството меланин во очите на новороденчињата е мала, нивните очи се светли. Ако родителите не се синооки, бебињата во текот на првата година од животот мошне е веројатно дека ќе ја менуваат бојата на очите и тие ќе потемнуваат, создавајќи кафени пигменти.

Најчесто таа промена на бојата се случува меѓу шестиот и деветтиот месец, затоа што до тогаш во ирисот се собрани доволно пигменти кои ќе ја одредат бојата во согласност со генетиката. Во најголем број случаи, детето ќе ја има конечната боја на очите до деветтиот месец.

Понекогаш може уште малку да се смени нијансата, но основата на бојата останува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска