Заврши десеттиот Лидер проект за бизнис образование

Од:

Заврши десеттото јубилејно издание на програмата за бизнис образование Лидер проект која е резултат на македонско-канадска соработка.

По комплетирањето на двонеделните обуки учесниците на програмата на затворањето на проектот ги презентираа своите бизнис идеи, по што се стекнаа со официјален сертификат за нови вештини во деловната сфера, како и нови пријатели во македонската заедница на млади професионалци и претприемачи.

На прво место се Илија Ќироски, Ирина Велевска и Филип Арсов, на второ место се Александра Симеонова, Марин Велковски и Фидан Николовски, а на трето место е Александар Поповиќ.

Како што информираат организаторите, победниците кои го делат првото место ќе добијат бесплатни влезници за учество на Самитот на Македонија 2025 во Скопје, а победниците на второ и трето место ќе имаат можност да ги претстават нивните идеи на меѓународниот натпревар „Get in the Ring“ во класата на стартапи.

Директорката на „Македонија 2025“ во Скопје Билјана Марковиќ-Стаменова, на отварањето на последниот ден на Лидер ги поздравувам сите учесници што одлучија да го вложат нивното време и внимание во програмата.

– Вие сте сега дел од мрежата на алумни на Лидер проект, а луѓето во неа се срдечни во давањето на поддршка и совети, како и можности за меѓусебна соработка. Ве поттикнувам да продолжите да инвестирате во вашите вештини и да ги примените овде во Македонија со цел да и помогнете на земјата да стане подобар и поубав дом за сите нас, изјави Марковиќ-Стаменова.

По завршувањето на програмата Јасмина Антич-Атанасовски, основач на центарот за ран детски развој „Бонбончиња“ во Битола, изјави дека при процесот на консултации, водени од страна на инструкторите, со нивна помош повторно го вратила својот фокус и на што треба да се насочи.

– Тоа ми е исклучително важно и ќе биде како еден водечки мотив во наредниот период на кој што ќе треба да се насочам. Друго што ми е исклучително важно се воспоставените контакти за време на целиот проект меѓу армија од 40 претприемачи кои размислуваат со иста идеја, го имаат оној претприемачки дух што не тера да градиме понатаму што поголеми успеси, што поголеми очекувања, и самата енергија која овде ја има е исклучително важна, изјави Антич-Атанасовски.

Според Шерефедин Амити од приватното биро за небанкарски финансиски услуги „Монета“ ваквите проекти се многу добродојдени, со оглед на тоа дека на младите во нашето општество им е потребна мотивација и поддршка.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски