Чешката тенисерка Петра Квитова ќе настапи на годинешниот Грен слем турнир во Лондон со што ќе ја заврши седуммесечната пауза поради повредата на раката здобиена во нападот провалници во нејзиниот дом на крајот од минатата година.
Новинската агенција „Ројтерс“ пренесе дека Квитова закрешна од повредата побрзо од очекувањата и дека наскоро ќе се појави на терените. Таа беше прободена со нож во левата рака и беше изложена на четиричасовна операција.
Извесно е дека двократната шампионка на „Вимблдон“ ќе добие вајлд-карта, а постои можност да настапи и на „Ролан Гарос“ во Париз кој почнува на 28 мај.
– Ќе игра на Вимблдон, а за Ролан Гарос ќе биде одлучено во последните моменти за поднесување пријава, изјавија од ПР тимот на Квитова.