Бразилскиот претседател Мишел Темер побара од Врховниот суд на земјата да продолжи со спроведување на истрагата во која тој е осомничен за корупција и за попречување на правдата.
Ваквото барање е различно од она во саботата, кога Темер му сугерираше на Судот да ја прекине истрагата, тврдејќи дека не е виновен за она за што се обвинува.
Промената на позицијата се објаснува со намерата на претседателот и на неговите адвокати, низ истражната постапка да се „исчисти“ Темер од сомнежите и обвинувањата на кои е изложен во текот на изминатата недела.
– Ние сакаме целосна истрага и таа да се спроведе до крајот, во што е можно пократок рок, изјави за домашните медиуми адвокатот Густаво Гуедеш, кој инсистира дека „крунскиот доказ“ за сомничењето на претседателот е една „неупотреблива лента“, која според него била преправана 70 пати.
Мишел Темер бил тајно снимен од претседателот на најголемата бразилска компанија за пакувано месо ЏБС, кој кај шефот на државата, дошол на разговор со техника за тајно снимање. Разговорот се случил во канцеларијата на Темер, во доцните вечерни часови, без претходно да биде најавена.
Ленатата што прв ја обелодени весникот „О Глобо“ откривајќи ја аферата и обвинувајќи го претседателот, во најголемиот дел е неупотреблива, освен во делот каде може да се слушне како Темер дава согласност за да му се дадат пари на крунскиот сведок во голем корупциски скандал за да молчи.
Сведокот за кого станува збор е поранешнот спикер на бразилскиот Конгрес (Парламентот) Едуардо Куња, кој во меѓувреме беше осуден за корупција и сега се наоѓа во затвор.
Бразилската опозиција бара оставка од Темер и предвремени избори, но тој тврди дека не се повлекува и дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, што истекува на 31 декември 2018 година.
Тој важи за непопуларен кај бразилските гласачи, пред се кај оние од левицата, затоа што на функцијата дојде по импичментот против левичарскиот претседател Дилма Русеф.
Русеф, како и нејзниот претседател и лидер на Работничката партија Лула да Силва, исто така се осомничени за корупција и за поткуп, додека секој од нив двајцата беа претседатели на Бразил.