Во Белград патувачка изложба на македонски дизајн производи

Од:

Под наслов „Помеѓу“ од 25 до 28 мај на меѓународниот фестивал „Миксер“ во Белград ќе биде претставена изложба на македонски дизајн составена од производи од шест млади македонски брендови, изготвени во 2016 и 2017 година.

Македонските дизајн брендови, We and Nature, Rinocca, Преплет студио, Кире Стојоски, Марија Рашковиќ и Евгенија Зафировска, застапувани од страна на дизајн центарот Јавна соба, покрај во Белград во периодот од мај до ноември годинава ќе се претстават и на други пет регионални дизајн фестивали и саеми.

Македонскиот дизајн на производ е редовно застапен на меѓународната сцена преку патувачки изложби организирани од страна на дизајн центарот Јавна соба.

– Регионалната размена е од исклучително значење за национален и индивидуален развој на дизајн секторот во самите земји. Докажано е дека регионалната размена стимулира зголемување на продуктивност кај дизајнерите, но и го подигнува нивото на свест кај публика и креира здрав и свесен конзумеристички пристап кон дизајн производите, што е многу значајно за опстојување на локалните брендови. Клучниот момент за оваа размена во Македонија е фестивалот Skopje Design Week, кшто годинава ќе се реализира во периодот од 22 до 25 ноември. Земја во фокус оваа година е Унгарија, велат од Јавна соба.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски