Русите се помалку ги критикуваат репресиите на Сталин, покажа истражување на „Левада“

Од:

Жителите на Русија репресиите на Сталин веќе не ги сметаат за злосторства, покажуваат податоците на анкетата на центарот „Левада“, информира весникот „Ведомости“, цитиран од Би-Би-Си.

Делот од луѓето во земјата, кои репресиите на Сталин ги сметаат за политички кривични дела, за пет години е опаднат од 51 на 39 проценти, додека една четвртина од учесниците во анкетата тоа го образложуваат со „политичката неопходност“.

Запрашани за односот на денешните руски власти кон сталинистичките репресии, анкетираните најчесто ја избираат варијантата „тие воопшто не мислат на тоа“. Само 26 отсто од луѓето во Русија Сталин го сметаат за државен криминалец.

-Пресвртот во односот кон репресиите, како и кон другите теми, почна во 2014 година, кога се појавија проблемите со Западот и желбата за поцврст државен лидер според моделот на советската митологија, затоа ослабна и критиката против Сталин, објаснува заменик директорот на „Левада“, Алексеј Граѓанкин.

„Израсна нова генерација, која историски е далеку од овие настани, и нема добиено доволно познавања за прашањето“, констатира историчарот Никита Петров од организацијата „Меморијал“.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија