Лекарите со тужби против две клиники за скратените плати

Од:

Против директорите на Клиниката за радиологија и Клиниката за дерматовенерологија ќе бидат поднесени тужби поради скратените плати на лекарите без никакво образложение. Од Самостојниот синдикат на клиничките центри и други самостојни организации велат дека платите ги исплатиле бесправно и незаконски, дека го намалиле приходот без да имаат било какво образложение.

„Во тек се тужби кои денеска ќе бидат поднесени до надлежните институции и до судовите против работодавачите, односно менаџерите и директорите на клиниките каде што тие плати се бесправно исплатени. На овие клиники се прекршени повеќе закони така што би требало тоа да има брза судска разврска“, изјави Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат.
На останатите клиники се уште нема плата за ноември, а со тоа се прекршува законскиот рок за исплата на плата до 15-ти наредниот месец. Синдикатот ја анализира состојбата и на клиниките во внатрешноста на земјата за да ги лоцира сите неправилности во исплаќањето на лекарите штрајкувачи.

Од Синдикатот ја отфрлија како шпекулација информацијата дека штипската клиника се откажала од штрајкот и велат дека специјалистите таму биле принудени да потпишат изјава дека не штрајкуваат за да добијат плати, но сепак продолжиле со протестот.

Во меѓувреме Министерството за здравство до клиниките нуди корекција на моделот за плаќање по учинок, кои се базираат на американски искуства. Во рамките на овој предлог лекарите треба да ги предложат своите ставови и мислења за надополнување, допрецизирање и корегирање, а ќе му одговорат на Министерството во текот на оваа недела откако ќе ја разгледаат неговата понуда.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор