Џихадистите ликуваат за бомбашкиот напад во Манчестер

Од:

Приврзаници на џихадистичката групација Исламска држава утринава на социјалните мрежи го поздравуваат синоќешниот смртоносен бомбашки напад во британскиот град Манчестер, пренесува БТА.

– Изгледа бомбите на британската Авијација врз децата на Мосул и Рака тукушто се вратија и паднаа во Манчестер, напиша јавно извесен твитерџија со име Абдул Хак.

Сепак, ИД се уште официјално не презела одговорност за овој напад, во којшто загинаа 19 лица, а 50-тина се повредени.

На многу профили на ИД на Твитер, џихадистите и си упатуваат честитки и повикуваат такви напади да се случуваат низ цела Европа и во САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски