Изложба на Илирјан Бекири и Башким Меџити во Софија

Од:

Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија синоќа беше отворена изложбата „Експресивната лирика и траги“ од академските сликари Илирјан Бекири и Башким Меџити. Пред бројна публика и претставници од дипломатскиот кор, изложбата ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров.

Илирјан Бекири и Башким Меџити, на своето прво заедничко и репрезентативно претставување во Софија, се претставија со 23 масла на платно, од нивните најнови творечки опуси. Иако концептуално различни, делата на двајцата ликовни уметници чинат една исклучителна компактна целина, која комуницира преку хармонијата од лирски експресии, преку композицијата, бојата, силно изразената симболика.

Илирјан Бекири и Башким Меџити, имаат остварено заеднички проекти и изложби во Македонија, државите од регионот, но и во Париз и Њујорк. И двајцата се професори на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Тетово.

Проектот е поддржан од Министеството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски