Изложба на Владимир Темков во ФЛУМ

Од:

Изложба „Потрага по смислата на ликовноста, во соочување со убавината на природата“ на македонскиот ликовен уметник Владимир Темков ќе биде отворена денеска во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени дела од магистарски труд изработени во акрил на платно.

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Во Скопје завршил Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, каде и магистрирал. Живее и работи во Кавадарци.

Досега имал голем број самостојни и групни изложби. Учествувал на многу меѓународни колонии, во државата и во странство и остварил неколку студиски престои во странство.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски