Египетски џихадисти обвинети за нападите врз коптските цркви

Од:

Египетското Јавно обвинителство соопшти дека 48 чланови на џихадистичката група Исламска држава (ИД) се предадени на воениот суд, под обвинение за поврзаност со трите бомбашки напади врз црквите на Коптската христијанска заедница во земјарана Египет.

Од обвинетите, 31 веќе се откриени и уапсени, додека по другите 17 полицијата се уште трага.

Повеќе од 70 лица беа убиени во бомбашките самоубиствени напади извршени во декември во Каиро, како и во градовите Танта и Александрија минатиот месец. За сите овие напади одговорноста ја презеде ИД.

Во соопштението на Обвинителство се вели дека некои од обвинетите џихадисти се водачи на ИД кои создале терористички ќелии во Каиро и во јужната провинција Кена, за да продолжат со напади врз христијанските храмови на Коптите.

Според египетското Обвинителство, џихадистите и милитантни исламисти се одговорни и за убиството на осум полицајци на еден контролен пункт во египетската Западна пустина, што се случи на почетокот од оваа година.

Заедницата на Коптитите, една од најстарите во христијанскиот свет, сочинува над 10 отсто од вкупното население во Египет.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски