Вкупно осум награди од кои две Гран-при освои тимот ученици од ОУ „Никола Карев“ на 9. „Марковденски средби за деца и поети“ што се одржа во Бачка Топола во Република Србија.
Во категоријата пеење учествуваа учениците Ана Горгиевска и Јована Благонова и го освоија првото место во придружба на гитара од страна на Ана Јорданова. Пофалница добија и Михаела Манева и Тамара Охомуш. Во пишување песни и творби Сандра Наумова го освои третото место, Јована Благонова второто место за проза и Ана Апостолова, исто така второ место за проза.
Ученичката Сандра Наумова освои Гран-при награда за најдобра женска улога во дрмата со која се претставија, како и уште една Гран-при за подготвената презентација за Тијана Јуриќ.
– Освоив Гран-при награда за конкурсот кој што беше распишан од страна на фондацијата „Тијана Јуриќ“. Имавме задача да напишеме порака со која ќе се обратиме за починатото девојче, а со таа порака да го воодушевиме нејзиниот татко. Мојата презентација многу му се допадна на таткото на девојчето, рече Сандра Наумова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.
Во категоријата танци учениците се претставија со орото „Пајдушко“ и го освоија 3-тото место. Учениците цело време работеа под менторство на наставничката по македонски јазик и литеартура Гордана Јефтимова. Овие успеси за учениците претставуваат поттик за уште поголем труд во иднина и освојување на награди и признанија на државни и меѓународни натпревари.