Трајанов: СДСМ и нанесува огромна штета на Македонија

Од:

Пратеникот и Претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на прес конференција за медиумите изјави и дека Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите за промоција на насилство во Парламентот.

Тој изјави дека донесувањето на буџетот е во интерес на државата во целина и сите граѓани и напомена дека буџетот за следната година е конципиран така што ќе обезбеди поголем економски развој.

Како што нагласи, одговорноста за конципирањето на приоритетите во Буџетот е на Владата и на парламентарното мнозинство, но Демократскиот сојуз не го оспорува правото на опозициските партии критички да го анализираат буџетот и да предлагаат промени на истиот, во рамките на законските и деловнички можности на Парламентот.

Трајанов повика на воздржаност кај сите политички партии и рече дека опструкциите во Комисијата за финансирање и буџет се израз на немоќ кај СДСМ.

Тој рече дека најголемата цена за недонесувањето на буџетот ќе ја платат токму социјалдемократите, затоа што како што рече, најголем дел од граѓаните, без разлика на тоа дали го поддржуваат СДСМ или не, сепак ги осудуваат опструкциите и недонесувањето на буџетот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси