А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ССМ ги поддржа барањата на вработените во ОХИС

by А1он17/12/2012 - 14:14258
Share0

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната седница донесе заклучок со кој ССМ пружа безрезервна поддршка на барањата на вработените во ОХИС.

Добивај вести на вибер

ССМ отсекогаш настапува солидарно со барањата на работниците и активно се вклучува во изнаоѓањето поволни решенија.

Советот на ССМ, исто така, информира дека прашањето за можните решенија за вработените во ОХИС и во останатите загубари ќе биде поставено на наредната седница на Економско–социјалниот совет, се вели на крјаот на соопштението од Синдикатот.

Минатата недела беше објавен и нов, десетти по ред тендер за продажба на загубарот Охис.

Според условите во овој тендер, новиот газда ќе може да ја купи компанијата со намален број на вработени само доколку соодветно ги обештети и нема да има обврска да го надополни бројот на работници кои спогодбено си заминале.

Доколку идниот сопственик на хемискиот загубар ги прифати барањата на вработените во ОХИС, бројот на вработени од 800 ќе биде преполовен.

Минатата недела, исто така, вработените во ОХИС го продолжија штрајкот во хангарите на фабриката заради минусните температури, но тие денес повторно излегоа пред Владата, а потоа имаат намера да протестираат и пред Парламентот.

Тие бараат барем две од заостанатите плати за да можат да ги прослават во нормални услови новогодишните и божиќните празници.

ohisssm

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 13:14

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 07:44

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:24

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Горан Наумовски20/04/2026 - 12:21

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто