Перински задоволен од работењето на СЦ „Борис Трајковски“

Од:

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ на денешната прес-конференција информира дека во 2016 та година, за прв пат од основањето, спортскиот центар работи со добивка која пред оданочување изнесува цели 44.524.695,00 денари.

– Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бележи значително зголемување на вкупните приходи односно 146% споредбено со ‎2014-2016 та година. Ова се должи на посветеното и домаќинско работење на целокупниот менаџмент кој раководи со Спортскиот центар и максималната посветеност на сите вработени, нагласи Перински.

Тој додаде дека цените за Спортските клубови како и за националните федерации се подостапни и поради тоа изминатите три години Спортскиот центар рушеше рекорди во однос на настани на кои беше домаќин.

– На теренот на „Вип Арената“ се одиграа повеќе од 135 спортски натпревари од различни спортови во домашни и меѓународни првенства, и бевме домаќини на 4 Европски првенства. Исто така во „Вип Арената“ одржани беа повеќе од 70 концертни манифестации. Минатата година бевме домаќини и на светско првенство во борење кое предизвика особена заинтересираност во јавноста. Капацитетите и условите кои ги нудиме, исто така се достапни буквално за секој еден граѓанин, во секој период од годината да може да се пронајде во некоја од нашите понуди и да се забавува и рекреира согласно потребите. Тоа се должи на нашата грижа, бидејќи СЦБТ постои за граѓаните, потенцира првиот човек на најголемиот спортски комплекс во Македонија.

Директорот Перински соопшти дека СЦБТ е во последна фаза од финализирање на потребните технички документи од проектирањето на тениската арена која во својот состав ќе има гимнастичка сала и сала за боречки спортови.

– Откако ќе ги комплетираме техничките документи, следува изготвување на одобрение за градба по што ќе биде објавен оглас за доделување договор за јавна набавка за изградба на Арената. Очекуваме дека граѓаните ќе имаат можност да ја користат оваа сала во втората половина на 2018 та година, рече Перински.

Цената на новиот објект со кој ќе бидат збогатени активностите во СЦ „Борис Трајковски“ се очекува да биде околу два милиони евра.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ