Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имам скок од двете позиции на денеска објавената ВТА ранг листа и со вкупно 313 поени се најде на 171. место.
За Ѓорческа ова е најдобар пласман на светската ранг листа во пресрет на квалификациите за Грен слемот „Ролан Гарос“.
Во игра на двојки Македонката е на 128 место со скок од две позиции и 580 поени.
Втората македонска тенисерка која има ранг, Магдалена Стоилковска во сингл е на 1.244 место со 3 поени, а во двојки е 1.178 место исто со 3 поени.