Во 2016. секоја секунда по еден човек во светот бил принуден да го напушти својот дом

Од:

Над 31 милион лица или по еден човек секоја секунда биле раселени во 2016 година заради конфликти и несреќи, покажува извештајот на Меѓународниот центар за набљудување на внатрешното раселување, цитиран од британските медиуми.

Се очекува бројот на раселени да расте, доколку не се пронајдат решенија за климатските промени и политичките конфликти, пренесува БТА.

Приближно седум милиони лица, главно од субсахарска Африка и Блискиот исток, се раселени заради конфликти, покажа извештајот на Центарот, што е дел од хуманитарната организација Норвешки совет за бегалци. Други 24 милиони, главно во Азија, биле принудени да избегаат во други региони на своите земји како последица на природни катастрофи: бури, поплави и шумски пожари.

За разлика од бегалците, кои бараат азил во други земји, внатрешно раселените лица остануваат во сопствените земји и не можат да побараат меѓународна заштита. Од овие причини, тие често пати се заборавани, додека не се појави хуманитарна криза, потсетува директорот на Меѓународниот центар за набљудување на внатрешно раселените Александра Билак, при претставување на извештајот.

Во текот на минатата година како последица на конфликтите најмногу луѓе биле принудени да избегаат од своите домови во Демократска Република Конго (922.000), следена од Сирија (824.000) и Ирак (659.000).

Природните несреќи се причина за раселување на три пати повеќе луѓе – само седум милиони во Кина, приближно шест милиони во Филипините и околу 2,5 милиони во Индија.

Александра Билак предупреди дека владите треба да се зафатат со решавање на причините за раселувањата и да посветат повеќе внимание на раселените, бидејќи тие може да одлучат да тргнат кон други земји, доколку ситуацијата им се влоши.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он