Студентите на Ликовна академија заедно со студентите на насоката архитектура и дизајн од Факултетот за природни и технички науки при Штипскиот универзитет организираат заедничка изложба насловена „Еднаш ние“, која ќе биде отворена денеска во Штип.
Студентите на Ликовна академија ќе изложат цртежи, слики и скулптури, а студентите на архитектура и дизајн ќе изложат плакати и дизајнерски решенија на заедничка тема.
На отворањето настап ќе имаат и студените на Музичката академија со своја музичка точка.