Балистичката ракета што ја лансираше денеска Северна Кореја прелетала околу 500 километри, и се верува дека паднала во близина на источниот брег на земјата, соопшти војската на Јужна Кореја.
Експерти од вооружените сили на Јужна Кореја и САД спроведуваат детална анализа за лансирањето.
Ракетата беше истрелана од регионот Пукчанг.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин свика заседание на Националниот совет за безбедност со цел да го разгледаат севернокорејското лансирање, соопшти кабинетот на Мун.
Агенцијата Јонхап јави дека ракетата не била интерконтинентална.