Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим откако во продолжението на четвртфиналниот меч со Хуан Мартин Дел Потро победи со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4 во гемови).
Дуелот беше прекинат синоќа поради дожд при водство на Ѓоковиќ од 1-0 во сетови и 2:1 во гемови за Дел Потро.
Ова беше нивни 18.ти меѓусебен меч и Ѓоковиќ води со 15-3.
Негов ривал вечерва во полуфиналето ќе му биде Доминик Тием, кој го победи Рагаел Надал. Мечот треба да почне во 20.00 часот.
Во првото полуфинале играат Александар Зверев и Џон Изнер.
На женскиот дел од турнирот Симона Халеп избори финале откако ја совлада Кики Бертенс со 2-0 во сетови (7:5 и 6:1), додека во второто полуфинале ќе играат Гарбине Мугуруза и Јелена Свитолина.