Кошаркарите на Кливленд ја остварија и втората победа против Бостон во плејофот на НБА лигата.
Актуелниот шампион на убедлив начин со 130-86 го совлада Бостон и тоа на гостински терен, со што Кливленд поведе со 2-0 во победи во финалето на Источната конференција.
Триото Џејмс-Ирвинг-Лав заедно постигнаа 73 поени за „Кавси“. Леброн Џејмс средбата ја заврши со 30 поени, Кајри Ирвинг постигна 23, а Кевин Лав покрај 21 поен, имаше и 12 скокови.
Сега серијата подобар до четири победи се сели во Кливленд каде ќе се играат следните два натпревари.
Ноќеска во 3 часот по полноќ, во Сан Антонио ќе се игра третиот меч од финалето на Западот, во кој гостинскиот тим Голден Стејт во дуелот против „Спарси“ влегува со предност од 2-0 во победи во серијата подобар до четири.