Здружението кое се бори за правата на лицата со посебни потреби „Пет до 12“ и овој викенд ќе го поминат со шатори во Жена парк, со цел да ја зголемат свеста кај надлежните институции за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со посебни потреби.
Граѓанското здружение во последниот месец за поддрша на овие лица собра над 30 илјади потписи од граѓаните и на иницијативата и се приклучија повеќе од 30 здруженија.
Од Здружението велат дека ќе бида формирани работни групи кои ќе работат на Законот за правата на лицата со посебни потреби кој ќе биде доставен до новата влада.
Во најмала рака родителите на лицата со посебни потреби бараат да се изгради модерен центар каде што би имало медицински персонал и градинки.
На прашањето дали во изминатиот месец, од кога последен пат беа во Жена парк, биле посетени или стапиле во контакт со некој од државните институции, тие одговорија дека не, но и очекувале таков одговор поради политичката ситуација во државата.