Премиерите од Западен Балкан кај Могерини: Заев или Димитриев ќе патува во име на Македонија?

Од:

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на неформалната вечера со претседателите на владите на Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, што ја закажа за среда (24 мај) ќе ги очекува актуелните премиери на овие шест балкански држави.

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ изјави дека оваа вечера ќе послужи да се направи пресек на постигнатото по посетата на Могерини на почетокот на март оваа година.

„Мислам на земјите од Балканот со кои разговараме за влез во ЕУ. Многу за тој процес зборуваат како за процес на проширување. Јас повеќе сакам да зборувам како за повторно обединување на Европа“, изјавила Могерини.

Со оглед на ситуацијата во Македонија неизвесно е кој ќе биде на состанокот, техмичкиот премиер Емил Димитриев или мандатарот Зоран Заев, кој најави дека скоро ќе го предложи составот на новиот кабинет и ќе ја достави програмата на новата Влада.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија