ЕУ и САД против забрана за внесување лаптопи и таблети во авионите

Од:

ЕУ и САД се изјаснија против воведувањето забрана за внесување на лаптоп компјутери и таблети на авионските летови од Европа кон Америка, соопштија дипломатски извори од Брисел.

Разговорите на кои главна тема биле заканите во патничкиот авионски сообраќај, биле одржани во седиштето на ЕУ во Брисел, и на нив и двете страни се согласиле дека треба да продолжи спроведувањето на сегашните безбедносни мерки.

Американската страна, претходно, најавуваше дека ќе бара забраната што важи за внесување на лапатопи и таблети во авионите кои полетуваат од осум муслимански земји кон САД, да се прошири и на државаите од Унијата.

Вашингтон во март годинава воведе забрана за внесување лаптоп компјутери и таблети, односно електронска опрема поголема од мобилни телефони, во авионите на летовите од Турција, Мароко, Јордан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија и Кувајт кон САД, поради стравот дека во нив би можеле да биде поставена бомба или експлозивна направа која не може да ја детектираат контролните уреди.

Набргу потоа, слична мерка воведе и Велика Британија за авионските летови од шест муслимански земји.

Средбата во Брисел била организирана на барање на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот