Германскиот министер за надворешни рабои Зигмар Габриел смета дека размената на високо доверливи разузнавачки податоци меѓу Германија и САД треба да продолжи и покрај тензиите поврзани со тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп на Русија и предал чувствители информации за групата Исламска држава (ИД).
– Меѓу Германија и САД има силна разузнавачка соработка и тоа е апсолутно потребно заради нашата сопствена безбедност, изјави Габриел по средбата во Вашингтон со неговиот американски колега Рекс Тајлерсон.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Габриел, кој нема дилеми дали може да им се верува на САД во врска со чувањето на тајните податоци, на средбата не се говорело за разузнавачката соработка меѓу двете земји.
Весникот „Вашингтон Пост“ во понеделникот објави дека за време на минатотнделната средба со шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров во вашингтон, Трамп му пренел доверливи информации во врска со борбата против тероризмот и ИД, што беше веднаш демантирано од Белата куќа и Кремљ.