Хрватскиот репрезентативец и играч на Вашингтон Визардс, Бојан Богдановиќ најверојатно ќе остане во оваа НБА екипа.
Првите луѓе на клубот се задоволни од натпреварите на кои настапи Богдановиќ, откако во февруари годинава беше донесен од Бруклин.
Во „трејдот“ Вашингтон ги донесе Богдановиќ и Крис Мекол, а во Бруклин заминаа Маркус Торнтон и Ендрју Николсон и избор во првата рунда на драфтот.
Во плеј офот сезонава Вашингтон играше во полуфиналето каде со 4-3 беше елиминиран од Бостон, а Богдановиќ имаше ефект од 8,8 поени по натпревар и 4,3 скокови.
Богдановиќ има статус на слободен играч.