БМВ го претстави M240i M Перформанс едишн

Од:

Со редизајнираната Серија 2 БМВ подготви и бројно ограничена едиција M240i M Перформанс едишн, која во продажните салони ќе стигне во јули.

Како М2, купето на БМВ M240i M Performance Edition е опремен со атрактивни каросериски детали кои визуелно го одвојуваат од стандардните модели на Серијата 2. БМВ ќе произведе само 750 примероци и сите ќе бидат обоени со бела боја Алпине, а карбонските додатоци на каросеријата ги вклучуваат куќиштето на ретровизорот, облогите на праговите, спојлерот на капакот на багажникот, задниот дел на дифузерот на воздухот и облогите на издувните завршетоци. За оптималниот контраст дополнително придонесуваат црната маска на ладилникот, новодизајнираните 19-инчни алуминиумски бандажи и предниот насочувач на воздухот.

Автомобилот го движи 6-цилиндричен битурбо мотор кој развива 340 КС при 5.500 вртежи во минута и 500 Nm најголем вртежен момент, кој е на располагање од 1.520 до 4.500 обртаи во минута, а купувачите ќе можат да бираат рачен 6-степен или автоматски 8-степен менувач. Опцискиот погон преку двете осовини (xDrive) со кој автомобилот од 0 до 100 км стигнува за 4,4 секунди, ќе се нуди само во комбинација со автоматски менувач.

M240i M Performance Edition е прв во низата нови едиции на М Performance кој БМВ наскоро ќе го понуди и со неколку свои други модели.

Би можело да ве интересира

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

БМВ отпушта 6.000 луѓе и ја откажува соработка со Мерцедес-Бенц

А1он

БМВ ќе произведува медицински маски

А1он

Јужна Кореја му се заканува на БМВ со казна од 10 милиони долари

Наум Локоски

Полицијата изврши претрес во седиштето на корејското БМВ

Наум Локоски

БМВ ќе гради фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра

Наум Локоски