Се асфалтира патниот правец Рапеш – Старавина

Од:

Општина Новаци денеска почна со асфалтирање на патниот правец Рапеш – Старавина во Мариово. Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од Владата на Република Македонија, изјави градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

– Патниот правец Рапеш – Старавина во Мариово има вкупна должина од 12 км. Претходно беа асфалтирани два км, а сега асфалтираме уште 4,5 км и очекуваме да обезбедиме средства да го завршиме асфалтирањето на целиот патен правец. Се надевам дека тоа ќе биде завршено во најбрзо време затоа што овој патен правец е единствениот неасфалтиран, а е регионален што се наоѓа на наша територија, истакна Котевски.

За целосна реконструкција и асфалтирање на патот ќе останат уште осум километри, информираа од општина Новаци.

Би можело да ве интересира

Битолско: Во Могила 33.8%, во Новаци 51.5% од запишаните гласале до 13 часот

Жарко Настоски

ЈКП „Комунална хигиена“ – Новаци дезинфицира јавни површини и објекти во Општина Новаци

Ана Ололовска

Се одбележува 100 години од битката на Добро Поле и пробивот на Македонскиот фронт

Ана Ололовска

Заеднички меѓународен проект на пограничните општини Новаци и Аминдео

Ана Ололовска

Превентивна дератизација во општината Новаци

Ана Ололовска

Францускиот амбасадор Тимоние во посета на општина Новаци

Ана Ололовска