Бразилскиот претседател Темер ги отфрла обвинувањата за корупција

Од:

Бразилскиот претседател Мишел Темер ги отфрли обвинувањата во еден домашен весник за тоа дека се „согласил да се изврши исплата на еден можен сведок за корупција, за да не сведочи“.

Весникот „О Глобо“ тврди дека Темер „одобрил незаконско плаќање“ за политичарот Едуардо Куња, кој во март годинава беше осуден за корупција, перење пари и неплаќање данок.

За ваквите обвинувања, весникот тврди дека има тајно снимен разговор на Темер со еден угледен бразилски бизнисмен.

Пишувањата на „О Глобо“ предизвикаа протести во Сао Паоло и неколку други градови на левичарските и опозициски симпатизери на поранешните претседатели Лула да Силва и Дилма Русеф.

Демонстрантите бараат оставка на Темер, онака како што поранешната опозиција изнуди сменување на Русеф, низ постапката за импичмент.

Ова е првпат, претседателот Темер да биде директно обвинет за корупција. Тој е поранешен бразилски професор по право и одигра клучна улога во процесот за отстранување на Русеф низ постапката за импичмент.

Кабинетот на бразилскиот претседател денеска ги отфрли како „лажни“ сите обвинувања, признавајќи дека Темер се сретнал со бизнисменот што го посочува весникот, но дека целта на нивната средба и разговорите не биле поврзани со она за што тврди „О Глобо“.

Во соопштението од кабинетот се повикува сите обвинувања и одбраната на Темер да се утврди низ една правна истражна постапка.

Во Конгресот на Бразил постои длабока поделба меѓу позицијата и опозицијата која бара предвремени избори и по првпат, импичмент и за Мишел Темер.

Според бразилските медиуми, една третина од владиниот кабинет се наоѓа под истрага за корупција и за давање или примање поткуп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск