ЕК го казни ФБ со 110 милиони евра

Од:

Европската унија го казни Фејсбук со 110 милиони евра поради неправилности при преземањето на сервисот WhatsApp во 2014 година.

Во соопштението на Европската комисија се нагласува дека најголемата социјална мрежа на светот дала погрешни информации за процесот и дека казната, која ја изрекла е пропорционална и има за цел спречување на натамошни слични постапки.

Во текот на проверката е утврдено дека Фејсбук течно ги информирал надлежните комисии дека не може автоматски да се поврзат профилите на корисниците на ФБ и WhatsApp, но подоцна се потврди дека тоа е можно и оти Фејбук тоа го сторил.

– Технички можности за тоа постоеја и во 2014 година и Фејсбук тоа го знаеше, заклучи ЕК.

Фејсбук се бранеше дека грешките биле ненамерни и дека тоа на ниту еден начин негативно не влијаело на процесот на преземање. Казната требала да биде еден отсто од нивниот профит и тоа изнесуваше 276 милиони евра, но заклучено е дека ФБ бил кооперативен во текот на истрагата и казната е намалена.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он